Хемикалија се излеа во "Охис"
Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи вршат увид во кругот на Охис.
Инспекторатот постапил по дојава од жители кои утрово почувствувале миризба во околината на фабриката.
"При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината", изјави инспектор кој е на терен.
Истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.
