Војската на Србија постави плоча на генерал кој го водеше нападот во Вуковар
На ова реагираше хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања кое денеска испрати дипломатска нота до Амбасадата на Србија во Загреб, изразувајќи најострен протест.
Во протестна нота, Хрватска го осуди овој чин и го повтори своето очекување "Србија и нејзините институции да ја отфрлат политика на релативизација и на прославување на злосторствата“, се вели во соопштението.
