Се повлекуваат трупите од источна Украина
Украинските сили и сепаратистичките бунтовници поддржани од Русија се согласија да ги повлечат своите трупи, со што ќе се даде поттик на Самитот за крај на конфликтот. На Самитот треба да учествуваат Украина, Русија, Франција и Германија. Се уште не е одреден датумот на одржување.
Украинските сили велат дека со повлекувањето од селото Петривск Украина ги исполнила сите потребни услови од своја страна за да се одржи ваков самит.
