Заев:Средба за Законот за ЈО кога ќе има сигнал за напредок
![Заев:Средба за Законот за ЈО кога ќе има сигнал за напредок](https://gdb.rferl.org/814E6568-C4D1-48EE-9C84-731F6DB50FC0_cx0_cy0_cw94_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе седне на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека има напредок.
Заев ова го кажа на прашање од новинарите дали ќе има нова лидерска средба , додека беше во Берово каде присуствуваше на промовирање на почеток на проект за рурален развој.
Тој нагласи дека има постојана комуникација меѓу претставници на работните групи и дека била најавена можноста и утре тие да се состанат.
Заев смета дека не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.