Историска посета на кинескиот претседател на Северна Кореја
Ова е прва посета на кинески лидер на Северна Кореја во последниве 14 години, која ги покажува подобрените односи во пресрет на состанокот на светските лидери во Осака, Јапонија, кој треба да се одржи на 28 јуни. Двајцата лидери се возеа заедно во отворена лимузина низ улиците на Пјонгјанг, каде што десетици илјади луѓе излегоа на улиците за да ги поздрават лидерите.
Во кинеското владино соопштение е наведено дека двајцата претседатели се согласија да промовираат блиска стратегиска комуникација и да работат на развој на заедничките интереси во време на предизвикувачки меѓународно односи.
