Порошенко: измени на уставот со порака до Москва
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека менувањето на уставот на земјата за да се потенцира стратегиската цел на Киев да им се приклучи на НАТО и ЕУ ќе испрати силна порака до Москва. Тој ова го изјави во обраќањето во парламентот при што оцени дека Русија е агресор и нема да и се дозволи да има „вето“ врз намерата на Украина да стане членка на НАТО и ЕУ. Порошенко додаде дека тоа е суверено право на Украина.
