Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешниот појадок со неговите колеги од Европската Унија ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив, како што јавува МИА, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, да го „препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“. Неформалниот појадок, организиран од страна на Бугарија и Австрија, односно од сегашното и следното претседателство на ЕУ, ќе се одржи еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи. Читать дальше...