Турската опозиција бара да се поништат претседателските и парламентарните избори
Турската опозициска Републиканската народна партија побара од највисокото изборно тело во земјата да ги поништи минатогодишните претседателски и парламентарни избори, како и гласањето за градоначалник на Истанбул и за други локални функции.
Пред два дена изборната комисија нареди повторување на изборите за градоначалник на Истанбул по победата на опозицискиот кандидат. Владејачката Партија на правдата и развојот тврдеше дека имало "неправилности и корупција" на изборите. Опозицијата смета дека треба поништување на сите избори бидејќи претставниците на избирачките места биле назначени на ист начин.