Катругалос - Немам сомнеж за ратификацијата на Договорот од Преспа во Грција
„Немам никаков сомнеж дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван и од нашиот парламент. Тоа е договор од заемна корист што решава, и во корист на нашата земја, еден долг децениски спор. Во однос на реакциите во јавноста, јас почитувам секакво различно мислење, секаков различен став што не се базира на иредентистички ставови. Единствени што ги исклучувам од ова почитување се оние луѓе кои викаат „со оружје, со оружје, да го освоиме Скопје“, рече Катругалос.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во однос на процесот на уставни промени, рече дека Атина го следи со цел формулациите да бидат согласно со Договорот од Преспа.
На министерскиот состанок во Солун, освен домаќинот Кутругалос, учествуваа и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, како и неговите колеги од Албанија и од Бугарија.
