Вучиќ телефонски разговораше со Хан, се сретна со амбасадорите на Кина и Русија
Тие се согласиле дека треба да бидат сочувани мирот и стабилноста. Вучиќ оцени дека Србија секогаш се однесува сериозно и одговорно, посочувајќи ги провокациите од Приштина како закана за безбедноста на Србите во Косово.
Како што соопшти кабинетот на Вучиќ по средбата со рускиот и кинескиот амбасадор, тие уште во текот на денот ќе ги информираат раководствата на своите држави, додавајќи дека Србија може да смета на нивната поддршка.
Вучиќ утрово имаше состанок со шефовите на војската и полицијата и командантите на сите специјални единици на војската и полицијата, а одржана е и седница на српската Влада, поради која премиерката Ана Брнабиќ и министрите ги откажаа сите најавени состаноци и средби. Владата во Белград за денеска во 19 часот повторно има закажано вонредна седница.
