Турција нема да ги почитува санкциите на САД врз Иран
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да ги почитува обновените американски санкции врз Иран и откако ќе истече рокот од шест месец што Вашингтон им го даде на некои земји да се прилагодат на овие санкции. „Овие чекори се со цел да направат небалансиран свет. Не сакаме да живееме во империјалистички свет“, рече Ердоган во Анкара, наведувајќи дека Турција од Иран купува 10 милијарди кубни метри гас. „Не можеме да ги оставиме нашите луѓе да мрзнат“, изјави Ердоган. Вашингтон на 5 ноември повторно воведе санкции откако се откажа од нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и светските сили.