Харадинај: Мостот во Митровица треба да се отвори од двете страни
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска зборуваше за иницијативата на градоначалникот на јужниот дел на Митровица, Агим Бахтири, за одржување спектаткуларен концерт на светската мега-ѕвезда Шакира по повод оторањето на мостот на Ибар, кој го дели градот на албански и српски дел. Харадинај рече дека „нема нешто против“, но оти отворањето на тој мост не е некоја работа „за еден ден“. Затоа, го замолил Бахтири „да внимава“, поради деликатната ситуација во тој дел од земјата.
"Пред себе имаме три чувствивтелни теми: војската, Интерпол и визната либерализација. Секое дејствие треба да биде добро осмислено. Треба да внимаваме да не направиме некој погрешен чекор", изјави Харадинај.
Главниот мост во Митровица треба да биде отворен за сообраќај "засекогаш, а не само за еден ден", рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
По состанокот на косовската влада , Харадинај на прес-конференција рече дека мостот треба да се отвори на двете страни.
Главниот мост во Митровица од 1999 година го дели Јужна и Северна Митровица.
Врз основа на Бриселскиот договор, ЕУ има инвестирано во негово реновирање, но мостот сè уште не е отворен за сообраќај.