Каменос: Ќе ја повлечеме довербата за владата ако Договорот дојде за ратификација
Ќе направам се Договорот од Преспа да не дојде во грчкиот Парламент, но ако договорот дојде во Парламентот, тогаш немам друг избор, вели Панос Каменос за грчката телевизија „Антена“, наведувајќи дека Независни Грци ќе ја повлечат довербта за владата доколку Договорот дојде за ратификација пред грчките пратеници, пренесува МИА.
Коалициониот партнер во грчката влада објасни дека тој би ги повлекол сите министри од владата и довербата, пред договорот да дојде во Парламентот.
„Јас веќе подолго време јавно се обврзав за една работа и ова не е сменето, ниту ќе се смени. Ние нема да учествуваме во влада што ќе го донесе во парламентот овој Договор, што значи дека ќе ја повлечеме довербата за владата“, рече Каменос.
Каменос повтори дека Независни Грци „имаат разјаснето дека ниту го прифаќаат договорот, ниту отстапувањето на термионот Северна Македонија”.
Лидерот на Независни Грци ја обвини Македонија дека го прекршувала договорт и коментираше дека грчката страна ќе треба да види дали и колку се уште важи договорот, сега, но и подоцна доколку помине на референдумот и се завршат уставните промени
„Имаме прекршување на договорот од страна на Скопје. Господинот Заев веќе го прекршува договорот. Го прекршува договорот кажувајќи работи кои не постојат во овој договор, рече лидерот на Независни Грци и додаде дека токму за ова Ципрас телефонски, минатата седмица разговарал со Заев.