Убиен лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк
Лидерот на проруските сепаратисти во украинскиот источен регион Доњецк, Александар Захарченко е убиен во експлозија во кафуле. Веста е потврдена и од новинската агенција Доњецк, која е официјалниот медиум на бунтовниците.
Во објавата на нивниот сајт новинската агенција ја цитира администрацијата на сепаратистичкиот лидер. Претходно друг извор соопшти дека припадникот на сепаратистите, Александар Тимофејев бил повреден во напад во кафуле, како и неколку други лица.