Германија предупредува на опасност од кибер напади од Иран
Веќе не може да се утврди разлика во квалитетот меѓу руските, кинеските и иранските кибер напади, пишува во документот на германското разузнавање. Овие три земји, потоа Индија и Виетнам, се посочени како најголеми кибер закани за Германија, но на оваа листа се и некои од западните земји, информираше Зехофер. Германскиот министер за внатрешни работи воедно предупреди дека бројот на исламисти во земјата, кои претставуваат потенцијална опасност за безбедноста, изнесува рекордни 774.
