Османи на средба со Рот: Успешен референдум за чекор кон НАТО и ЕУ
Вицепремиерот Османи најнапред изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата „Берлински процес“, соопшти СЕП.
Османи се осврна на важноста на периодот во кој се наоѓа Македонија на евроинтегративниот пат, во контекст на неодамнешната одлуката на Европскиот Совет за временска рамката од 12 месеци, или јуни 2019 година, за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Притоа, фокусот е ставен на подготовката за преговори преку скрининг процесот, како ипродлабочување на реформите и испорачување на конкретни резултативо делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација но притоа не запоставувајќи ја ни борбата против организираниот криминал и корупција и сите останати клучни области.
