Ѕанакопулос: 50 загинати и 172 повредени во пожарите
„До овој момент во болниците во Атика, згрижени се 156 возрасни лица, од кои 11 се во сериозна состојба и се поврзани на апарати и 16 деца чии животи не се во опасност. Во овој момент, за жал бројот на жртвите е 50 лица. Противпожарната служба, во соработка со полицијата продолжува со тешката задача на евиденцијата и информирањето ќе биде континуирано. Од друга страна, бродови на крајбрежната служба и нуркачки единици, ја проверуваат областа за пронаоѓање на можни заглавени, додека до овој момент, извлечени се вкупно 715 луѓе, главно од областа Мати“, рече Ѕанакопулос.
Тојдодаде дека во спасувачката акција по море учествувале 12 брода на крајбрежната служба, 30 приватни чамци, додека пак од воената морнарица 1 фрегата, 2 брода, 3 хеликоптери и 3 глисери
Според портпаролот на грчката влада, продолжуваат напорите на државниот механизам за справување со последиците од вчерашните катастрофални пожари.
