„Тоа што не поврзува е заедничката иднина на нашите граѓани, на регионот и на светот. Тоа што не поврзува е потребата за стабилност, сигурност и безбедност, а со тоа и економски придобивки, за нашите граѓани и нашите држави“, изјави премиерот Зоран Заев во Мостар каде на традиционалната манифестација „Mostar Peace Connection“. Како што информира владината прес-служба, пред почетокот на настанот Заев неформално разговарал со домаќините, претставници од Центарот за мир и мултиетничка соработка, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, грчкиот премиер Алексис Ципрас и со црногорскиот премиер Душко Марковиќ. Со нив Заев положил цвеќе во реката Неретва, во знак на мир и пиетет кон жртвите од сите војни. Притоа, Заев им ја честитал на Ципрас и Марковиќ добиената награда „Мостарска повелба на мирот“, чиј лауреат беше и тој минатата година.