Дипломатски конфликт на Италија и Франција околу мигрантите
Италија ја бранеше својата одлука да го одбие влезот на 629 мигранти од бродот „Водолија“, велејќи дека во ниеден момент не го напуштиле бродот, туку го придружувале се до Валенсија.
Италијанската влада, предводена од Движењето 5 ѕвезди, прифаќа мигранти, но бара и од другите земји „да го делат товарот“.
Шпанија го прими бродот откако Италија, а пред неа и Малта, „му откажаа гостопримство“.
