Нов Зеланд ќе убие 150.000 грла добиток за да спречи ширење на опасна болест
„Тоа е тешка одлука. Никој не сака да види масовно колење“, изјави премиерката Јажинда Ардерн.
Алтернатива за оваа одлука е да се дозволи инфективната болест да се прошири низ целата земји и да загрози десет милиони грла добиток на повеќе од 20.000 фирми каде што се произведува месо и млечни производи. Убивањето на околу 126.000 грла добиток со 26.000 чие отстранување е во тек, ќе се случи во текот на следните 24 месеци. Болеста првпат беше откриена во јули минатата година на фарма на јужниот остров и од тогаш се прошири на 37 фарми низ целата земја
