Могерини во Тирана ја почнува балканската турнеја
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини со посетата на Тирана ја почнува турнејата во регионот во текот на која на претставници на Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија ќе им го претстави годишниот извештај на Европската комисија за напредокот во евроинтергациите. На овие средби се очекува да се разговара и за претстојниот самит ЕУ, Западен Балкан во наредниот месец во Софија. Пред стартот на турнејата Могерини соопшти дека „Западен Балкан е Европа и оти ќе биде дел од иднината на ЕУ“.