Љуљзим Хазири: Пишувањето ми е ритуален чин
„Кога љубовта се троши како креда“ е насловена поетската збирка на Љуљзим Хазири, што како издание на „Готен“ се појави деновиве. Станува збор за објава на македонски јазик во која е направен избор од досегашните книги на „поетот созреан со рокенрол, кој секогаш стои од другата страна на општествените норми“.