Трамп ќе има прво обраќање до нацијата
Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува на своето прво обраќање до нацијата пред двата дома на Конгресот. Претставници на Белата куќа наведуваат дека тој ќе се осврне врз „градњето безбедна, силна и горда Америка“. Републиканскиот претседател пред два дена на Твитер напиша дека американската економија е подобра од изминативе неколку децении. „Бизнисот се враќа во Америка како никогаш порано“, наведува Трамп, кој во говорот ќе се осврне и врз американската надворешна политика.