Времето облачно со слаби врнежи од дожд и снег
Во Скопје ќе биде облачно и ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.
Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.
