Над 48 исчезнати и 17 мртви по лизгањето на земјиште во Калифорнија
Портпаролката на округот Санта Барбара, Амбер Андерсон, денес потврди дека бројот на жртвите останал на 17, но додаде дека властите ги проверувале извештаите за многу поголем број исчезнати лица отколку што првично се мислело.
Досегашниот биланс на повредени во градот Монтекито е над 28 лица, од кои 12 се во болница, а четворица од нив се во критична состојба. Целосно се уништени 59 куќи, а над 300 се оштетени.
