Главные новости Екатеринбурга
Екатеринбург
Июль
2017

10 важни факти за убиството на руското царско семејство

0

1. Истрагата за смртта на царското семејство сè уште не е завршена

Анатолиј Семјохин / ТАСС

Случајот е отворен одново во 2015 година по барање на Руската православна црква, која сака да се потврди идентитетот на останките од царското семејство. Во 2000 година членовите на семејството и нивните слуги се прогласени за маченици од Руската православна црква.

Останките на цар Николај II, неговата сопруга Александра Фјодоровна, три од нивните деца и нивните слуги се откриени во 1991 година во близина на Екатеринбург, каде последните Романови биле егзекутирани на 17 јули 1918 година. До 2007 година, недалеку од местото каде што беа пронајдени останатите останките, пронајдени се и оние на принцот Алексеј и големата кнегинката Марија.

 2. Во истрагата е вклучен и сопругот на кралицата Елизабета II

Алексеј Варфоломеев / РИА Новости

Иако сомнежите на руската црква, идентитетот на останките е потврден од голем број тестови спроведени на почетокот на деведесеттите години од минатиот век во Русија и во странство. Според Владимир Соловјов, кој е одговорен за случајот, еден од тестовите вклучува крвен примерок од сопругот на кралицата Елизабета II, војводата од Единбург. Излегува дека тој е далечен роднина на царицата Александра Фјодоровна.

3. Останките на престолонаследникот - принцот Алексеј, и неговата сестра сè уште не се погребани

Игор Михалев / РИА Новости

Останките на Николај II, Александра Фјодоровна и нивните три ќерки се закопани со сите државни почести во катедралата Св. Петар и Павле во Петропавловската тврдина, Санкт Петербург во 1998 година, каде почиваат заедно со остатокот од семејството. Претседателот Борис Елцин присуствуваше на церемонијата, но патријарх Алексеј II одби да ја посети.

Телата се ексхумирани во 2015 година за да се земат ДНК-примероци за обновената истрага. Во октомври 2016 година патријархот Кирил рече дека тестовите наскоро ќе завршат. И до денес сепак останките на принцот Алексеј и неговата сестра Марија не се закопани - тие се чуваат во Рускиот државен архив.

4. Кралското семејство го напушта главниот град под јапонско знаме

ТАСС

По абдикацијата за време на февруарската револуција царското семејство се преселило во царската резиденција во Царское Село. Подоцна тие се преместени во сибирскиот град Тобољск, во близина на селото кадешто е роден познатиот Григориј Распутин – „нашиот драг пријател“, како што го нарекува Александра Фјодоровна. По болшевичкото востание во октомври новите власти ги селат во Екатеринбург, на Урал. Се зборува дека кога заминале од Царское село со два воза, тие, наводно, патуваат под јапонско знаме, како дел од јапонска мисија на Црвениот крст, за да избегнат евентуален линч од народот.

5. Официјалната причина за егзекуцијата е доаѓањето на власт на болшевиците

Global Look Press

За време на СССР официјално е објавено дека царското семејство е егзекутирано по наредба на уралската регионална советска влада, која тврди дека убиството е потребно, бидејќи се приближуваат чехословачки полкови - формации од воените затвореници од Првата светска војна. Тие им се спротивставиле на болшевиците во 1918 година. Советската влада исто така споменува „контрареволуционерен“ заговор, чија цел е да го ослободи поранешниот монарх. Всушност никакви докази за таков заговор не се откриени, но Чесите го заземат градот 8 дена по убиството на царското семејство.

6. Москва не издала наредба за егзекуција на царското семејство

Фотографија од архива

Во постсоветска Русија истрагата за убиството на последниот руски цар и неговото семејство доаѓа до заклучок дека тоа всушност е извршено по наредба на локалните власти во Урал. Нема документ кој докажува дека Владимир Ленин или друг болшевички лидер е вмешан во убиството на царот. Некои историчари тврдат дека Москва сакала да создаде пат за последниот император.

Истовремено некои од вмешаните во убиството потсетуваат дека во пресрет на егзекуцијата добиле телеграма од Москва со наредба за убиството на царот, но не и на целото семејство. Да се ​​застрелаат сите Романови, кои се во Екатеринбург, е иницијатива на регионалната советска влада, чии членови се многу порадикални од болшевиците во Кремљ.

7. Телата се закопани два пати

Global Look Press

Романови биле одведени до подрумот на Ипатиевата куќа кадешто се наредени до ѕидот. Тогаш тие се застрелани од комунистички одред. Членовите на семејството кои преживуваат при првиот напад (некои куршуми се одбиваат накитот скриен под облеката), се докрајчени со бајонети. Тогаш телата се однесени надвор од градот и фрлени во рудникот. Сепак, за да се ограничат шансите за откривање на нивните останки, војниците ги фрлат во необележан гроб и ги полиле со киселина.

8. Официјално судбината на кралското семејство не била позната

Global Look Press

Првично советските власти само објавиле за смртта на Николај II. Некое време официјалната позиција е дека остатокот од семејството е евакуирано од Екатеринбург и дека се изгубиле во хаосот на руската граѓанска војна. Дури во почетокот на дваесеттите години од минатиот век учесници проговориле за деталите околу егзекуцијата.

9. Нема силен јавен одек

РИА Новости

Иако е тешко да се поверува, руската јавност се возбудила многу од веста за убиството на царот. Николај II не е особено популарен меѓу руските граѓани. Според историчарите по падот на монархијата властите добиваат многу писма од јавноста со барање тој да биде убиен. Единствената очигледна реакција доаѓа од лидерот на православната црква - патријарх Тихон, кој го осудува убиството.

10. Светиња за поклониците

Getty Images

Лицето одговорно за пукањето - Јаков Јуровски, тврди дека го застрелал царот. Во 1920 година тој лично го испорачува во Москва накитот кој му припаѓа на царското семејство. Тој зазема важни позиции во новата болшевичка држава. Умира во 1938 година, но не како резултат на големата чистка на Сталин, ами од чир на желудник.

Ипатиевата куќа е урната во 1977 година кога регионалната влада е раководено од идниот руски претседател Борис Елцин. Подоцна на крвавото место е изградена црква која денес е светиња.






Загрузка...


Губернатор Свердловской области Евгений Куйвашев
Свердловская область

Евгений Куйвашев в преддверии Дня России отметил вклад Свердловской области в приумножение славы и доблести страны


Спорт в Свердловской области
Свердловская область

Новости футбола от Виталия Пономарёва


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Людмила Самсонова

Самсонова вышла во второй круг турнира в Хертогенбосе


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в Свердловской области
Свердловская область

За убийство лосей у свердловского браконьера конфисковали технику





Путин в Свердловской области
Москва

Путин приехал на Смоленскую площадь для встречи с руководством МИД РФ


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Армения выразила протест Минску из-за заявлений МИД Белоруссии




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

США обязаны передать Киеву "эскадрильи истребителей", заявил Зеленский


Навальный в Свердловской области


Здоровье в Свердловской области


Частные объявления в Екатеринбурге, в Свердловской области и в России






Загрузка...

Загрузка...



Мелодия

В ТРЦ «Нора» «Мелодия скрипки» в исполнении Руфины Ахметшиной



Екатеринбург

Юрист назвал причины для отказа в выезде за границу

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net