Запленети 188 килограми марихуана, спречен меѓународен канал за шверц на дрога
Царинската управа и Бирото за јавна безбедност спровеле заедничка акција во која се запленети 188,6 килограми марихуана, со што спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Двајца возачи се лишени од слобода, а против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што информираше директорот на Царинската управа Бобан Николовски, дрогата била пронајдена во камион натоварен со рециклирана хартија на граничен премин Богородица. Читать дальше...