Добавить новость
123ru.net
SlobodnaEvropa.mk
Февраль
2025

Новости за 10.02.2025

Контроли и можни мерки за високите цени, најавува Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Можно е да се донесат мерки поради прескапите производи во маркетите,  најави денеска Премиерот Христијан Мицкоски. На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државаат ќе преземе чекори за нивна контрола, по граѓанскиот бојкот за пазарење во маркетите изминатите две недели. На утрешната владина седница, како што изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија треба... Читать дальше...

Студентски протести во Сараево за одговорност поплавите во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Група студенти и граѓани се собраа во понеделник во Сараево на протест, барајќи обвиненија против одговорните за поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на октомври минатата година. 27 лица загинаа во поплавите и свлечиштата што на 4 октомври минатата година ги погодија Херцеговина и централниот дел на БиХ. Вкупната штета во Доња Јабланица, Коњиќ, Крешево, Фојница и Кисељак, места кои беа погодени од поплавите, изнесува 270 милиони конвертибилни марки. Носеа транспаренти со пораки како „Кој е виновен?“... Читать дальше...

Хамас „го суспендира ослободувањето на заложници“ бидејќи Израел „го прекрши договорот“

SlobodnaEvropa.mk 

Палестинската милитантна група Хамас во понеделникот соопшти дека го одложува ослободувањето на повеќе израелски заложници „до понатамошно известување“, бидејќи Израел ги „крши условите од договорот“. Тројцата заложници требаше да бидат ослободени во сабота на 15 февруари. Портпаролот на вооруженото крило на Хамас рече дека „во текот на изминатите три недели, раководството на отпорот ги надгледувало прекршувањата на непријателот и неговото неисполнување на условите од договорот“, рече Абу Обеида на социјалната мрежа Телеграм. Читать дальше...



Вишото јавно обвинителство доби нов шеф, додека досегашниот има кривична пријава

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на јавни обвинители ја избра Наташа Крстевска Цалева за прв човек на скопското Вишо јавно обвинителство. Таа на оваа позиција е назначена на местото на Мустафа Хајрулахи кој беше суспендиран после поднесени кривична пријава против него за малтретирање на обвинители. Таа е предложена од републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, а доби поддршка од сите членови на Советот на јавни обвинители. Нејзиниот мандат за да раководи со ова обвинителство ќе биде до завршување на Скривичната постапка за Хајрулахи. Читать дальше...

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, приведен во полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај бил приведен од полицијата во понеделникот во полициската станица во албанскиот главен град, велат извори за Радио Слободна Европа. Ниту полицијата, ниту Специјализираната антикорупциска структура (СПАК) се уште не дале официјална изјава за притворот на Велиај  за кој се верува дека е поврзан со корупција. Според извори, Специјализираниот суд наредил Велиај да биде задржан во притвор, а неговата сопруга во домашен притвор. Тој е уапсен врз основа на истрага... Читать дальше...

Нема превоз за пациентите кои одат на дијализа во ГОБ „8 Септември“

SlobodnaEvropa.mk 

Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси - превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства.  Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ за МИА појаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел надоместок од Министерството за финансии во висина од две или четири автобуски карти... Читать дальше...

Норвешкиот совет за бегалци ги прекина активностите поради замрзнување на американската помош

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку американската помош не биде одмрзната, Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ), една од најголемите хуманитарни организации во Европа, ќе мора да ги прекине активностите во речиси 20 земји во светот. Исклучувањето, прво во историјата на невладината организација, ќе влијае на стотици илјади луѓе во земјите погодени од војна, катастрофи и раселување, соопшти НРЦ во понеделникот. НРЦ наведува дека во 2023 година им помогнала на речиси десет милиони луѓе во околу 40 земји ширум светот. НРЦ, чии... Читать дальше...

Штрајк во Народниот театар во Белград, поддршка за студентите и барање за повисоки плати

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во Народниот театар во Белград на 10 февруари стапија во штрајк во знак на поддршка на студентите во Србија и бараат подобри услови за работа на уметниците. Во 11:52 часот, кога на 1 ноември загинаа 15 лица на Железничката станица во Нови Сад, тие го блокираа сообраќајот пред Народниот театар и одржаа 15-минутен молк за жртвите. Дарко Томовиќ, претседател на Сојузот на српските актери (СИНГЛУС), изјави дека драмскиот, балетскиот и техничкиот персонал на Народниот театар се во суспензија... Читать дальше...



Три последователни земјотреси во близина на Санторини

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска на 10 фебруари, во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени, јавува државната новинска агенција МИА. Земјотреси над 4 степени беа регистрирани и синоќа, од кои најсилниот беше 5 степени. Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека поради сеизмичката активност меѓу двата островa... Читать дальше...

Тетово: Дали имињата на улиците се приоритетен проблем?

SlobodnaEvropa.mk 

Додека тетовчани се соочуваат со еколошки, комунални и инфраструктурни проблеми, општината започна иницијатива за именување и преименување на улици, плоштади, паркови и инфраструктурни објекти. Како што велат, по барање на граѓаните. Граѓани, пак, велат дека има други приоритети, но, никој не ги прашува за ништо.

Романскиот претседател Јоханис поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека си поднесува оставка од функцијата поради напорите на опозицијата да го отповика, откако тој остана на власт кога Уставниот суд ги поништи претседателските избори на кои десничарскиот, проруски кандидат Калин Георгеску неочекувано победи во првиот круг. Клаус на 10 февруари изјави дека се повлекува и дека ќе ја напушти функцијата на 12 февруари. Уставниот суд побара од него да остане на функцијата по завршувањето на неговиот мандат во средината на декември поради поништувањето на изборите. Читать дальше...

Лекарите апелираат на опасностите од новиот „ТикТок“ предизвик со парацетамол

SlobodnaEvropa.mk 

На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „ТикТок“ со земање големи дози „парацетамол“. Информацијата за МИА, денеска (10 феврауари) ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик. „Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црниот дроб или смрт. Читать дальше...

Пезешкијан го обвини Трамп дека сака да ја „фрли земјата на колена“

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини својот американски колега Доналд Трамп во дека сака да ја „фрли Исламската Република на колена“, за време на говорот по повод 46-годишнината од револуцијата со која беше соборена монархијата Пахлави. „Трамп вели дека сака да разговара (со Иран), а потоа ги потпишува сите заговори во меморандумот за да ја фрли нашата револуција на колена“, рече Пезешкијан, мислејќи на текстот потпишан од американскиот претседател минатата недела, кој предвидува нови санкции за Иран. Читать дальше...

Андоновски: Хибридни напади ќе има, важен е одговорот од институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои подоцна се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата. „Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот... Читать дальше...

Таравари: На ГОБ „8 Септември“ треба да и се дадат повеќе ингеренции

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане втора клиничка болница во Скопје, но да и се дадат повеќе ингеренции. „Мислам дека „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар „бекап“ за Клинички центар, нагласи министерот“, одговарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники. На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори дека за 2025 нема таков план. Читать дальше...

Трамп ќе најави нови царини, дополнително проширувајќи ја глобалната трговска војна

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Доналд Трамп изјави дека на 10 февруари ќе објави царини од 25 отсто за сите производи од челик и алуминиум што влегуваат во Соединетите Држави, заканувајќи се дополнително да ја разгори трговската војна која ги потресе светските пазари, јавија агенциите АП и Ројтерс. „Секој челик што доаѓа во Соединетите Држави ќе има царина од 25 проценти“, им рече Трамп на новинарите на бродот „Ер Форс 1“ додека патуваше во Њу Орлеанс за да присуствува на Суперболот - шампионат во американски фудбал... Читать дальше...

Дали приватните специјализанти пак ќе „извисат“ за вработување?

SlobodnaEvropa.mk 

Во здравството недостасуваат лекари, но 600 приватни специјализанти уште чекаат владата да го оствари ветувањето и да ги вработи додека примаат само надомест од 26 илјади денари, без здравствено и пензиско осигурување. Од Владата велат дека во тек е систематизација во здравствените установи, а Министерството за финансии допрва треба да одобри вработувања.

Повик за бојкот на пет големи трговски синџири во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението за заштита на потрошувачите во Србија, „Ефектива“ ги повика граѓаните од денеска (10 февруари) до петок, 14 февруари, да ги бојкотираат петте големи трговски синџири. Како што истакнуваат од тоа здружение, успех ќе се постигне доколку приходите се намалат за една третина. Зборувајќи за резултатите од претходниот бојкот, Дејан Гавриловиќ од Ефектива за ТВН1 изјави дека е забележан пад на приходите од 37 отсто, по што е упатен повик до трговците, добавувачите и до државата да направат нешто конкретно. Читать дальше...

Курти се соочува со пад на поддршката во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

На своите поддржувачи им вети ангажман во секое „ќоше“ на Косово, а тие му укажаа доверба. Според прелиминарните резултати, движењето Самоопределување, предводено од премиерот Албин Курти, победи на парламентарните избори на Косово на 9-ти февруари со околу 41 отсто од гласовите. „Ќе ја продолжиме добрата работа што ја започнавме во изминатите четири години и ќе правиме многу други работи, во согласност со нашите ветувања, од едниот до другиот крај на Косово“, рече Курти по прогласувањето на победата. Читать дальше...

Пуштање во употреба на новата компресорска станица за хируршките клиники

SlobodnaEvropa.mk 

Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска (10 февруари) официјално ќе биде пуштена во употреба.  Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години. Неработењето на... Читать дальше...

Ердоган: Никој нема овластување да ги исели Палестинците од Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никој нема овластување да ги протера жителите на Појасот Газа од територијата зафатена од војна, отфрлајќи го планот на неговиот американски колега Доналд Трамп да ги протера Палестинците и САД да ја преземат контролата. „Никој нема овластување да го измести народот на Газа од нивната вечна татковина која постои илјадници години“, рече Ердоган на прес-конференција на аеродромот во Истанбул пред да замине за Малезија. Ердоган додаде дека Појасот Газа... Читать дальше...

Шолц: Европа би можела да преземе акција „во рок од еден час“ доколку САД воведат царини

SlobodnaEvropa.mk 

Европа е подготвена да реагира „во рок од еден час“ доколку САД воведат царини за Европската Унија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за време на изборната дебата против неговиот конзервативен ривал Фридрих Мерц. На прашањето на модераторот дали ЕУ има „список на мерки“ со кои треба да одговори доколку САД воведат царини, Шолц, кој е значително зад Мерц во анкетите, одговори: „Да, ако треба да се изразам на највнимателен дипломатски начин. Ние како Европска Унија можеме да преземеме мерки во рок од еден час“. Читать дальше...

Избори на Косово - води Движењето Самоопределување

SlobodnaEvropa.mk 

Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти води со 41,99 отсто од гласовите, по обработени над 73 проценти од гласовите на денешните (9 февруари) парламентарни избори во Косово, соопшти Централната изборна комисија. Според бројот на гласови, следна е Демократската партија на Косово со 22,68 отсто, Демократската лига на Косово со 17,90 отсто, Алијансата за иднината на Косово со 7,56 отсто, Српска листа има 2,98 отсто, а Коалиција за семејството освоила 2,29 отсто од гласовите. Косовскиот... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Сила духа и тела: Михаил Дегтярёв на марафоне Знание.Первые рассказал о вкладе спортсменов в Великую Победу


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Чемпионка двух ТБШ Виктория Азаренко покинет топ-50 рейтинга WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Ученые продолжают изучение экосистем национального парка «Лосиный Остров»





Путин в России и мире
Москва

Песков сообщил о возможной встрече Путина и Стоуна в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Песков назвал манипуляцией отказ Киева давать прямой ответ о перемирии


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



PRomoPulse

Новая песня от NARGIZA для Российских слушателей "До встречи мама"



Москва

Медведев спрогнозировал увеличение числа членов клуба ядерных стран

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net