Саркози една година ќе носи електронска алка на ногата
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој е осуден поради корупција и трговија со влијание, од денеска ќе носи електронска алка на ногата. Касациониот суд во декември ја потврди пресудата за Саркози – тригодишна затворска казна. Две години затвор се суспендирани, а Саркози е осуден на носење на електронски мониторинг уред една година, наместо да оди во затвор. Одлуката на судот значи дека Саркози ќе мора да носи електронска алка и оти три години нема право да се кандидира за јавна функција. Читать дальше...