123ru.net
SlobodnaEvropa.mk
Ноябрь
2024

Новости за 27.11.2024

СДСМ избра нови секретари и потпретседатели

SlobodnaEvropa.mk 

Александар Димитриевиќ ќе биде новиот генерален секретар на СДСМ, одлучи вечерва, 27 ноември, Централниот одбор на партијата, кој избра и двајца организациски секретари и четворица потпретседатели. Димитриевиќ е од редовите на општинската организација на СДСМ во Гази Баба и е актуелен советник во оваа општина. Тој доаѓа на позицијата генсек на местото на Миле Зечевиќ. Во новото раководство на СДСМ отсега ќе има двајца наместо еден организациски секретар, можност која беше воведена со измените... Читать дальше...

Владејачката партија номинираше поранешен фудбалер за претседател на Грузија

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиската владејачка партија го избра поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили, за свој претседателски кандидат на изборите на 14 декември, објави денеска (27 ноември) претседателот на Грузиски сон, Бидзина Иванишвили. Грузиски сон, партија која противниците го обвинуваат дека за заземање проруски авторитарен став, победи на парламентарните избори на 26 октомври, но опозицијата не ги прифати резултатите. Демонстранти го оспорија новиот состав на парламентот во пресрет на неговата прва седница одржава во понеделникот... Читать дальше...

Австралија на чекор да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години

SlobodnaEvropa.mk 

Долниот дом на австралискиот парламент со големо мнозинство го поддржа законот со кој на децата до 16 години им се забранува користење на социјалните мрежи. Предлог-законот што денеска (27 ноември) го усвои Претставничкиот дом ги таргетира платформите на социјалните медиуми како ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и Икс и предвидува казни до 50 милиони австралиски долари доколку не ја почитуваат забраната. Откако беше усвоен со 103 гласа „за“ и 13 „против“, законот сега оди во Сенатот, каде исто така... Читать дальше...



Укинат притворот на поранешниот српски министер Весиќ за несреќата во Нови Сад

SlobodnaEvropa.mk 

Укинат е притворот на поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, кој беше уапсен поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад од што загинаа 15 лица, соопшти денеска (27 ноември) Вишиот суд во Нови Сад. „Вонистражниот совет на Вишиот суд во Нови Сад, одлучувајќи по жалбите на Вишото јавно обвинителство и бранителот на осомничениот, му го укина притворот на осомничениот Горан Весиќ. Имајќи ја предвид наредбата за истрагата, како... Читать дальше...

Кос: Очекувам Северна Македонија да ги направи уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, очекува Северна Македонија да ги направи потребните уставни измени и да ја вметне бугарската заедница во Преамбулата од Уставот. Нејзината порака за земјава таа ја испрати денеска од Стразбур одговарајќи на новинарски прашања веднаш откако Европскиот парламент ја изгласа неа и уште 25 други комесари да бидат дел од новиот состав на Европската комисија. „Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно и после тоа навистина да го забрзаме процесот“... Читать дальше...

Договорот за примирје во Либан се смета за голема победа за Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот за примирје во Либан е голема победа за Израел, сметаат експерти. Израел успеа да ги одвои нападите на Хезболах од војната во Газа. Хезболах, иако сè уште е опасен, сега е бледа верзија на себе и ќе се соочи со криза на легитимитетот додека се обидува да се обнови.

Изгласан новиот состав на Европската комисија, мандатот го почнува на 1 декември

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент (ЕП) со мнозинство гласови го изгласа составот на новата Европска комисија (ЕК) за следниот петгодишен мандат кој ќе започне на 1 декември. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за која ова ќе биде втор мандат на чело на извршната институција на Европската унија (ЕУ), пред гласањето го претстави составот кој го сочинуваат 26 нови еврокомесари. На пленарната седница на ЕП за време на презентацијата, фон дер Лејен вети дека Комисијата ќе се заложи за посилна и побезбедна Европа... Читать дальше...

Уапсени околу 1000 приврзаници на Кан на протестот во Исламабад

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата уапси речиси 1000 приврзаници на Имран Кан додека безбедносните сили го растурија масовниот протест во Исламабад со барање за ослободување на затворениот поранешен пакистански премиер, соопшти полицијата на 27 ноември. Шефот на полицијата во Исламабад, Сајед Али Насир Ризви, на прес-конференција изјави дека 19 авганистански државјани се меѓу 954-те демонстранти уапсени од пакистанските безбедносни сили во последните три дена. Демонстрантите, кои со денови маршираа кон Исламабад од... Читать дальше...



ОБСЕ: Загрижува нивото на незаинтересираност на жените за учество во политичкиот живот на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Загрижувачко е нивото на неамбициозност и незаинтересираност на жените да учествуваат во политички живот на државата, истакна Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, која го изработи истражувањето на ОБСЕ „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Ова, како што рече Ѓорѓевиќ, се препишува на „стегите кои се присутни во нашето општество и ги обесхрабруваат жените да го преземат тој кариерен пат во нивниот живот“. Според истражувањето, само 12 проценти од Албанките... Читать дальше...

Фрлени рачни бомби во полициската станица во Звечан

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција соопшти дека неколку минути пред полноќ на 26 ноември, непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан на северот на Косово. „Од експлозијата причинета е материјална штета, но повредени нема“, се наведува во соопштението од косовската полиција.  Се додава дека надлежните единици извршиле истрага, а информирана е и Единицата за тешки кривични дела која работи на откривање на сторителите на овој напад. Известен е и државниот обвинител кој го... Читать дальше...

Лидерот на ДП Сали Бериша излегува од домашен притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, го ослободи од домашен притвор лидерот на Демократската партија Сали Бериша, поранешен албански претседател и екс-премиер. Во изјава за медиумите неговиот адвокат, Генц Ѓокутај, изјави дека нема друга безбедносна мерка за Бериша, што подразбира и враќање на патната исправа, откако судот утврдил дека за него не постојат услови и критериуми за каква било мерка на безбедност. „Судот заклучи дека за господинот Бериша веќе не постојат услови и критериуми за каков било вид мерка. Читать дальше...

За да дишеме чист воздух во зима, инвестиции треба уште во лето

SlobodnaEvropa.mk 

Власта и оваа сезона излезе со краткорочни мерки против аерозагадувањето, додека екоактивистите се скептични и порачуваат дека клучот е во долгорочно инвестирање во чист воздух. Што предвидуваат краткорочните мерки, имаат ли институциите капацитет да ги спроведат и ќе дадат ли резултати?

Главчев: Политичките сили да постигнат консензус и да се фокусираат на граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Сите очекуваме политичките сили да постигнат консензус, да формираат мнозинство и редовна влада и да започнат да се занимаваат со проблемите кои ги засегаат бугарските граѓани. Ова го изјави техничкиот премиер на Бугарија Димитар Главчев на почетокот на денешната владина седница. „Денеска е 27 ноември, точно еден месец од последните вонредни парламентарни избори, а сè уште сме на првата седница на Народното собрание. Да не ги префрлаат проблемите од 'болната глава на здрава', да престанат да се... Читать дальше...

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во модернизација на војската

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската влада спроведува „историска модернизација на хрватската војска“, изјави министерот за одбрана Иван Анушиќ, нагласувајќи дека следната година Хрватска ќе достигне издвојување од 2 отсто од БДП за одбрана и 29 отсто за модернизација, како што бараат актуелните стандарди на НАТО. Анушиќ истакна дека Хрватска и Европската Унија мораат да бидат подготвени и со јасен став за прашањата за одбрана и безбедност во услови на криза. „Безбедноста има своја цена. Мирот не е загарантиран, туку во него треба да се вложува... Читать дальше...

Опозицијата не учествува во работата на српскиот парламент, најави кривична против Брнабиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Претставниците на опозициските партии во српскиот парламент најавија дека на 27 ноември нема да учествуваат во работата на парламентот, на чиј дневен ред е гласање за предлогот за државниот буџет за 2025 година и за 50 други точки на дневен ред. Тие на прес-конференција во собраниската сала пред седницата најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателката на Собранието Ана Брнабиќ за, како што наведоа, злоупотреба на службената положба. Најавија и дека ќе започнат процедура за нејзино разрешување. Читать дальше...

Стартува новото раководство на Академијата за судии и обвинители - сомнежите остануваат

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на корупцијата двапати овој месец ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ги отповикаат  членовите што ги номинираа во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Мандатот на новиот состав на УО на Академијата почнува в петок, но препукувањата продолжуваат.

Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент денеска (27 ноември) треба да гласа за одобрување на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен со мандат за следните пет години.  Сесијата ќе започне со тричасовна дебата на европратениците со Фон дер Лајен околу составот и програмата за работа на новата Европска комисија, по чие завршување ЕП ќе треба да гласа за нејзино одобрување во пакет.  За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство од гласовите на европратениците што ќе учествуваат во гласањето. Читать дальше...

Протестите против прорускиот романски претседателски кандидат се проширија и надвор од Букурешт

SlobodnaEvropa.mk 

Протестите против подемот на прорускиот политичар Калин Георгеску се проширија надвор од Букурешт и во другите романски градови по неговата ненадејна победа во првиот круг од претседателските избори во текот на викендот. Протести против Џорџеску се одржаа вечерта на 26 ноември во Букурешт, Темишвар, Јаши, Брашов и Сибиу. Георгеску на 8 декември во втор круг се соочува со прозападниот десничарски кандидат Елена Ласкони, откако освои 22,94 отсто од гласовите во првиот круг од гласањето на 24 ноември во земјата-членка на ЕУ и НАТО. Читать дальше...

Цивилите почнаа да се враќаат во јужен Либан по стратот на примирјето меѓу Израел и Хезболах

SlobodnaEvropa.mk 

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран стапи на сила во јужен Либан по речиси 14 месеци борби што предизвикаа загриженост од поширок конфликт во регионот. Откако започна прекинот на огнот во 4 часот по локално време, израелската војска ги предупреди цивилите да не се враќаат во своите домови во јужен Либан и да не се приближуваат до израелските позиции. Сепак, конвои цивили преминаа во јужен Либан, пркосејќи на израелското предупредување и апелот на либанската армија, која... Читать дальше...

Израел и Хезболах се договорија за прекин на огнот во Либан

SlobodnaEvropa.mk 

Безбедносниот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со големо мнозинство го одобри договорот за прекин на огнот со Хезболах, соопшти канцеларијата на Нетанјаху на денеска (26 ноември), означувајќи голем чекор кон мир меѓу Израел и милитантите на Хезболах поддржани од Иран. Овој потег веднаш беше поздравен од американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа претставува нов почеток за Либан и покажува дека мирот е можен по речиси 14 месеци прекугранични борби кои принудија десетици... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Юнитрамп: инновации в производстве игровых и спортивных комплексов


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Белоруска Соболенко обыграла россиянку Павлюченкову в 1/4 финала Australian Open


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Американские ученые нашли окаменелые останки крылатого ящера





Путин в России и мире
Москва

Путин и Си Цзиньпин обсудили планы на 2025 год: главное


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: вооруженные банды у границ Белоруссии хотят захватить кусок земли




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Советник Трампа заявил о готовности Зеленского к мирным переговорам с Россией


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

«Мы пара танцующих людей»: Волочкова появилась с кольцом на безымянном пальце



Москва

Плата за отопление вырастет в два раза? Эксперт по ЖКХ предупредил о "сюрпризе"

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net