Средба со лидерите од Западен Балкан, меѓу првите активности на новиот претседател на Советот на ЕУ
Идниот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста,на самиот почеток од својот мандат ќе организира средба со лидерите од Западен Балкан. Дипломатски извори во Брисел за Радио Слободна Европа потврдија дека Коста на 3 декември ќе организира работна вечера на која ќе бидат присутни сите лидери од регионот. Таа вечера ќе биде организирана практично на вториот ден на Коста како претседател на Европскиот совет. Неговиот мандат на чело на највисокото политичко тело на ЕУ официјално започнува во недела на 1 декември. Читать дальше...