123ru.net
SlobodnaEvropa.mk
Ноябрь
2024

Новости за 25.11.2024

Тепачка на власта и опозицијата во српскиот парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на српскиот Парламент беше за буџетот на Србија за 2025 година, но заврши брзо поради тепачка. Опозицијата побара на дневен ред да се стави гласање недоверба на Владата поради несреќата на железничката станица во Нови Сад. Власта одби, по што почна вербална расправија, а потоа и тепачка.

Закажана седница за разрешување на градоначалникот на Нови Сад

SlobodnaEvropa.mk 

На трети декември е закажана седница на градското собрание на Нови Сад на која ќе се расправа за разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ, поради падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноемврии при што загинаа 15 лица, а уште две лица се тешко повредени. Опозицијата, активисти и граѓани на протести бараат оставка од Ѓуриќ. Опозицијата во градското собрание на Нови Сад смета дека Ѓуриќ има политичка одговорност за трагедијата на Железничката станица. Во рамки на истрагата за уривањето на настрешницата... Читать дальше...

Новинарот на РСЕ Андреј Кузнечик веќе три години е во белоруски затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Новинарот на РСЕ, Андреј Кузнечик, на 25 ноември ја одбележа третата година во затвор под обвинение што тој, неговиот работодавач и организациите за човекови права ги нарекуваат политички мотивирани. Кузнечик, татко на две деца, беше уапсен на 25 ноември 2021 година и првично беше осуден на 10 дена затвор поради обвиненијата за хулиганство, што тој ги отфрли. По издржувањето на казната, Кузнечик не беше ослободен, туку беше обвинет за создавање екстремистичка група, потег што властите со месеци... Читать дальше...



Шест деца меѓу жртвите во потонат брод со мигранти близу Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку осум лица, шест деца и двајца возрасни, загинаа кога мал брод со мигранти потона во близина на брегот на грчкиот остров Самос, објавија грчки официјални лица. На карпестиот брег се пронајдени 36 преживеани, додека претходно биле спасени уште три лица. Националноста на луѓето во бродот не е позната, јави агенцијата АП. Во спасувачката операција што уште е во тек, учествуваат патролен чамец, чамец за спасување, поморски брод, хеликоптер и копнени екипи. Грчкиот министер за миграција... Читать дальше...

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

SlobodnaEvropa.mk 

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираа од Кабинетот на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска - Давкова. Претседателка на Комисијата е д-р Милка Ристова, пензионирана судијка од Врховниот суд. Членови на Комисијата се и  проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски. Читать дальше...

Финансиска полиција поднесе кривична за поранешниот министер за култура Исмаили

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за несовесно работење во службата, при што го оштетил државниот буџет за повеќе од половина милион евра. Финансиската полиција кривичната пријава ја испратиле до тетовското обвинителство. Пријавениот поранешен министер ја злоупотребил својата службена положба во период од 2019 до 2020 година потпишал договори за финасирање на проекти, иако за тоа во државната каса немало пари. „Потпишал решенија... Читать дальше...

Унгарските пари кај фирмите до крајот на неделата – што досега е познато?

SlobodnaEvropa.mk 

Сè уште не е комплетиран списокот на банки кои ќе ги даваат кредитите со парите од унгарскиот заем. Власта очекува дека во наредните денови 250-те милиони евра ќе бидат достапни за фирмите. Компаниите сами ќе си покриваат камата од 1,95%, додека каматата од 3,25 отсто што треба да се плати на Унгарија, ќе ја покрива државата. Условите за кредитирање досега не се прецизирани.

Почина владиката Тимотеј

SlobodnaEvropa.mk 

По кусо боледување денеска (25 ноември) на 73 години во Скопје почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Владиката Тимотеј кој ја вршеше и функцијата портпарол на Синодот на Македонската православна црква, починал во болница каде бил хоспитализиран пред неколку денови поради проблеми со срцето. Митрополитот Тимотеј, со световно име Славе Јовановски, е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител"... Читать дальше...



Турканици и тепачки меѓу пратениците на власта и опозицијата во српското Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

На седницата на Собранието на Србија на 25 ноември дојде до турканици и тепачка меѓу претставници на власта и опозицијата. Во инцидентот покрај пратеници учествуваа и владини министри, а ги раздели собраниското обезбедување. Во преносот на собраниската седница тонот беше пригушен, па не можеше да се слушне што си зборуваат пратениците, ниту беше јасно како започнал инцидентот. Она што може да се види од телевизискиот пренос е како членовите на власта и опозицијата ги разделува собраниското обезбедување... Читать дальше...

Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат речиси три проценти од БДП во одбраната

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузниците на НАТО ќе мора да потрошат речиси три отсто од бруто домашниот производ (БДП) на своите воени сили за да ги спроведат новите одбранбени планови на алијансата, изјави во понеделникот висок воен претставник на НАТО, пренесе Ројтерс. Така, трошоците би ги надминале досегашните два отсто инвестиција во армиите на земјите-членки, што беше поставена како актуелна цел на Алијансата. Вкупниот процент потребен за да се направат новите планови остварливи е многу поблиску до три отсто од БДП отколку два отсто... Читать дальше...

Прва седница на новиот грузиски состав, опозицијата бојкотира

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот грузиски парламент ја одржа својата прва седница на 25 ноември, во услови на протести поради изборите за кои опозицијата тврди дека биле наместени и откако проевропската претседателка Саломе Зурабишвили побара поништување на резултатите. Политичките превирања ја потресоа црноморската нација по гласањето на 26 октомври, на кое победи владејачката партија Грузиски сон. Прозападните опозициски партии ги оспорија резултатите и одбиваат да влезат во новиот парламент, кој го сметаат за „нелегитимен“. Читать дальше...

Хамнеи: Налозите за апсење на израелските лидери „не се доволни“

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека налозите за апсење издадени од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни злосторства против човештвото за време на конфликтот во Газа „не се доволни“. На собирот на волонтерскиот корпус Басиџ на 25 ноември, Хамнеи истакна дека двајцата израелски лидери треба да се соочат со смртна казна. Налогот го издаде обвинителот на МКС, Карим Кан, а судиите рекоа... Читать дальше...

„Јас сум Трајче и сум компулсивен коцкар“

SlobodnaEvropa.mk 

Расте бројот на млади навлечени на „коцка“, алармираат психијатри. На терапија во Скопје доаѓаат и зависници од соседството. Здружението ХОПС анализираше какви навики за обложување имаат младите во Северна Македонија, Србија и Косово.

Во декември состанок на главните преговарачи на Белград и Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека, во рамки на дијалогот во Брисел, следната средба на ниво на главните преговарачи на двете страни ќе се одржи во декември годинава. Лајчак ова го објави на Фејсбук, и потсети на како што рече „продуктивните и проникливи“ претходни две недели, во кои ги посети Женева, Тирана и Париз. „Со моите соговорници во Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кеј д’Орсеј и на други места, имав важни дискусии за дијалогот и за патот напред. Читать дальше...

Насилство врз жените - злосторство што ги преминува границите

SlobodnaEvropa.mk 

Беше летен ден кога Маида отишла во полиција во едно гратче во Босна и Херцеговина да го пријави нејзиниот сопруг кој и се заканувал дека ќе ги убие неа и децата. Речиси шест илјади километри подалеку и неколку степени Целзиусови повеќе, Марзие почнува да сфаќа дека нема да може да се врати на училиште. Преку границата во Иран, протестите продолжуваат откако Махса Амини почина во полициски притвор поради наводно кршење на правилата за носење на хиџаб. „Каде и да погледнеме, правата на жените се на удар... Читать дальше...

Приватните автобуси повторно на скопските улици, но не со полн капацитет

SlobodnaEvropa.mk 

Во јавниот градски превоз од денеска (25 ноември) се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП - Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку што треба да се реализира ургетната набавка преку Бирото за јавни набавки.   Приватните превозници апелираа до градоначалничката на Град Скопје... Читать дальше...

Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, се трудиме да живееме во мир

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој синоќа (24 ноември) гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската Унија и дека никогаш не го признале Косово. „Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток... На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и стабилност“, рече Вуќчиќ. Во врска со Косово, Вучиќ изјави: „Никогаш не сме го признале Косово. Читать дальше...

Прекин на наставата во училиштата и универзитетите во Бејрут

SlobodnaEvropa.mk 

Либанските власти објавија дека наставата во Бејрут и околината ќе биде прекината до крајот на декември, наведувајќи ја безбедносната ситуација по серијата смртоносни израелски напади врз главниот град во изминатите неколку денови. Министерот за образование Абас Халаби рече дека „наставата со физичко присуство“ ќе биде прекината во приватните училишта, техничките институти и високообразовните институции во и околу Бејрут. Таквата мерка, преземена поради актуелната состојба и за гарантирање на безбедноста на учениците... Читать дальше...

Германските социјалдемократи ќе го номинираат Шолц за кандидат за канцелар

SlobodnaEvropa.mk 

Околу три месеци пред предвремените избори во Германија, социјалдемократите официјално ќе го номинираат Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар и покрај неговиот исклучително низок рејтинг, јави ДПА. Неговата формална номинација доаѓа откако партијата беше поделена со двонеделна жестока дебата за тоа дали далеку попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус треба да биде номиниран за кандидат на местото на Шолц, за кој многумина во левичарската партија веруваат дека треба да се откаже. Во четвртокот... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Футболист Литвинов считает, что у «Спартака» есть шансы стать чемпионом


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко высказалась об игре без флага Беларуси


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Зимы уже не те. О чём говорит аномально теплая погода на Крещение





Путин в России и мире
Москва

Путин проведет совещание по развитию Крыма и Севастополя


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

«Рамштайн» отыгрался: как сокращение поддержки подталкивает Киев к новым наступательным авантюрам


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Денис Мацуев

Мацуев даст концерт с Челябинским симфоническим оркестром в Москве



Москва

Более 928 тысяч человек воспользовались услугами аэропорта Благовещенска в 2024 году

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net