Од утре редовен возен ред на ЈСП, Владата ќе позајми нафта за седум дена
Од утре ќе биде нормализиран автобускиот превоз во Град Скопје, а по интервенцијата на Владата, ќе има нафта од државните резерви за следните седум дена. Ова беше најавено на вонредната седница на Советот на Градот Скопје, по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта. Градоначалничката Арсовска вели дека кризата во ЈСП не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради тоа што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки. Читать дальше...