Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. За Премиерот Мицкоски, ова е лоша порака кон македонските граѓани, додека опозициската СДСМ гледа тежок пораз за политиките на Владата.
Лица со попречености беа модели на писта во Музејот на современа уметност во Скопје, на 25 септември, како дел првата модна ревија на адаптирана облека направена за, а презентирана од лицата со попреченост. Парчињата кои се шиени според нивните потреби и по нивна мерка се креација на дизајнерките Ена Зафировска Трајкова и Сара Величковска. Иницијатор за создавање на македонски моден бренд за адаптирана облека е претседателот на здружението „Екуалити“, Гере Трипков.
Ем без милион евра на сметка, ем без катна гаража. Ова е општинското салдо на центарци, откако Апелација пресуди дека општината Центар мора да плати оштета за неизградената гаража. Врховниот суд е последната станица која ќе одлучи дали Општина Центар ќе ги врати парите што ги исплати.
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
123ru.net — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.