Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Кои се милитантите кои заземаат делови од територијата на Сирија?

0
Милитантите зазедоа делови од територијата во Сирија, оживувајќи ја граѓанската војна која во голема мера беше во мирување со години.


Ненадејната офанзива во северозападна Сирија ја предводи Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ), една од најголемите милитантни групи кои се спротивставуваат на владата на претседателот Башар ал Асад.


Од 27 ноември, оваа група која е прогласена за терористичка организација од САД и сојузничките групи, го освои Алепо, вториот по големина град во Сирија, и напредува кон југ.


Кој се ХТШ?


Хајат Тахрир ал-Шам (Hayat Tahrir al-Sham) е исламистичка милитантна група чии членови се претежно салафисти, ултрарадикална секта на сунитскиот ислам. Таа се стреми да формира држава во Сирија управувана од исламскиот закон.


Групата се појави во 2012 година, една година по избувнувањето на сириската граѓанска војна. Прво се појави под името Џабхат ал Нусра или Фронт Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда.


Предводена од Абу Мухамед ал-Џулани, групата добивала наредби од Абу Бакр ал-Багдади, водачот на Ал Каеда во Ирак. Багдади подоцна ги прекина односите со Ал Каеда и ја основа екстремистичката група Исламска држава (ИД), на која Џулани одби да се приклучи.




Фронтот Нусра стана една од најсмртоносните групи кои се борат против Асад и примени тактики како што се самоубиствени бомбашки напади и импровизирани експлозивни направи или ИЕД.


Милитантната група подоцна неколку пати го менуваше името и се огради од Ал Каеда. Во 2017 година, таа се спои со другите опозициски групи во северозападна Сирија за да ја формира ХТШ.


Американските разузнавачи проценуваат дека ХТШ има меѓу 5000 и 10000 членови. Групата беше ставена на црната листа на терористички организации од Вашингтон во 2018 година, а за нејзиниот водач, Џулани, се бараше награда од 10 милиони долари.


Кои се нејзините сојузнички фракции?


ХТШ го предводи сојузот на сириските милитанти и бунтовници против Асад, кој е поддржан од Иран и Русија.




Клучните членови на алијансата вклучени во тековната офанзива ги вклучуваат Фајлак ал-Шам, Џејш ал-Иза, Харакат Ахрар ал-Шам и Туркистанската бригада.


Туркистанската бригада, која се појави во 2012 година, ја сочинуваат странски борци од Кина и Централна Азија, главно Таџикистанци и Узбекистанци.


Има и други групи кои не се формално сојузници со ХТШ, но имаат исти цели, вклучувајќи ги Сириската национална армија и Слободната сириска армија.


Двете групи се поддржани од северниот сосед на Сирија, Турција, и се верува дека се вклучени во тековната офанзива.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net