Бајден стана претседател на САД, Трамп замина од Вашингтон
Џо Бајден денеска стана највозрасниот претседател на САД, откако положи свечена заклетва во Вашингтон и побара обединување на нацијата. Неговиот претходник Доналд Трамп, чии поддржувачи пред две недели го нападнаа Капитолот, не присуствуваше на инаугурацијата.