Ерменските и азербејџанските сили со меѓусебни обвинувања за продолжување на битките во Нагорно Карабах
Се чини дека е загрозено последното усогласен договор за прекин на огнот во отцепениот регион Нагорно Карабах, откако етничките ерменски сили и азербејџанските воени сили почнаа да се обвинуваат меѓусебно за прекршување на договорот и ново гранатирање јавуваат од ерменските и азербејџански новински сервиси на РСЕ. Советот за безбедност на Обединетите Нации треба да одржи денеска затворени консултации за ситуацијата на состанок, откако шефот на ОН Антонио Гутереш ги повика двете страни да го почитуваат примирјето и ги осуди нападите врз цивилите во борбите. Примирјето кое беше објавено на 17 октомври, беше втор обид за воспоставување на прекин на огнот, откако избувнаа жестоки борби во регионот на 27 септември.