ММФ ја поздрави одлуката за реформи на Украина
Меѓународниот монетарен фонд го поздрави потегот на украинскиот Парламент кој го усвои законот со кој им се овозможува преку одредени реформи да можат да отклучат милијарди долари за заем . Украина со месеци преговараше со ММФ за тригодишен заем во вредност од 5,5 милијарди долари, поврзан со реформи со кој ќе и се овозможи на земјата да отплати одредени долгови. Парламентот на 30 март гласашеза укинување на забраната за продажба на обработливо земјиште и го усвои законот за банки, но не успеа да донесе ревидиран буџет за 2020 година.
„Ја поздравуваме поддршката од украинскиот Парламент сорасправата зарегулативата насочена кон зајакнување на основите на преструктуирање на банки и очекуваме целосно усвојување на законите. Со нетрпение очекуваме да се усвојат измените на буџетот за 2020 година , што ќе им помогне на властите соодветно да одговорат на вонредните предизвици кои настанаа поради Ковид 19“ изјави претставникот на ММФ Гоеста Јунгман.
Се очекува дека со укинувањето на забраната за продажба на обработливо земјиште, ќе се отвори огромен инвестициски потенцијал во една од најдобрите светски извозници на жито.