Полицијата го уaпси Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарки
Полицијата попладнево потврди дека Емил Јакимовски е приведен во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство, објави МИА.
Тој ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје, соопшти МВР.
За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.
Емил Јакимовски беше вработен како помошник раководител на сектор во Централниот регистар во време на владата на Никола Груевски, но пред неколку дена беше избркан од работа поради „прекршување на одредбите од Договорот за вработување“.
СДСМ посочи дека Јакимовски е член на ВМРО-ДПМНЕ, а таа партија молчи. ВМРО-ДПМНЕ, пак, се огради од Јакимовски и се сомнева дека тој е уценет за да работи за „висок функционер на СДСМ“.