Чавушоглу: Франција ѝ дава оружје на Либија
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ја обвини Франција дека и испорачува оружје на Либија, пренесе Тасс.
„Има некои земји кои се обидуваат да го спречат повикот на претседателите на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија. Франција се обидува да ја саботира секоја иницијатива во која не учествува. Франција, преку испораките на оружје во Либија, го овозможува продолжувањето на хаосот“, рече турскиот министер за надворешни работи на прес конференција во Анкара, пренесе БТА.