Известувачот Пицула ќе ја предводи Работната група за Западен Балкан во ЕП
Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е именуван за претседател на Работната група за Западен Балкан во Одборот за надворешна политика (AФET) на Европскиот парламент.
Тој кон крајот на минатата година беше именуван и за прв известувач за препораките на ЕП за Западен Балкан. Работната група за Западен Балкан е формирана во Надворешно-политичкиот одбор на ЕП во 2005 година и има за цел да ги одразува политичките приоритети на ЕУ и да обезбеди покохерентен пристап на ЕП во регионот.
Од Кабинетот на Пицула соопштија дека демократизацијата и трансформацијата на шесте земји од регионот ќе бидат во фокусот на агендата на Одборот за надворешна политика на ЕП, а проширувањето ќе биде посебно нагласени.
Пицула вели дека европската перспектива на Западен Балкан, односно политиката на проширување на ЕУ, е силна алатка за стабилизација на регионот. Тој очекува пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени на самитот ЕУ-Западен Балкан , што требва да се одржи на почетокот на мај во Загреб.