Шекеринска: не смее да се занемари опасноста од радикализирани структури
Во овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации во земјава поврзани со Иран, бидејќи Северна Македонија не им е точка на интерес, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека македонските дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија.
Иранскиот духовен лидер Али Хамнеи вчера ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е како „ѓаволска земја која ги поддржува нивните противници“.
Македонската министерката за одбрана, сепак, нагласи дека никогаш не смее да се елиминира опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И земјава и целиов регион, светот, нагласи Шекеринска, живее со опасноста од тероризам. Таа во емисијата Утрински брифинг, додаде дека владата работи на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници.