По заканите на Иран албанскиот сектор за анти-тероризам во готовност
Убиството на генералот Касем Солејмани од страна на американските сили во Ирак на 2 јануари и заканите на Иран ја подигна готовноста на антитерористичките сили во Албанија, јави телевизија Клан.
Официјални извори од државната полиција за телевизијата изјавиле дека агентите во секторот за анти-тероризам во последниве денови ја зголемуваат размената на информации со домашни и странски агенции и продолжуваат да ги следат иранските државјани кои престојуваат во Албанија за да спречат какво било можен терористички акт.
Албанската полиција во октомври минатата година соопшти дека разоткрила иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички акт во Албанија, на празиникот Султан Невруз, празник на Бектешката верска заедница и уапси тројца Иранци кои се претставувале како новинари и тоа на влезот во седиштето на заедницата.
Како последица на истрагата за овој случај, која почнала во 2018 година албанските власти го протераа амбасадорот и уште еден дипломат од иранската амбасада во Тирана поради „опасност по националната безбедност“.