Санчес положи заклетва за премиер на Шпанија
Социјалистичкиот лидер Педро Санчес ја презема функцијата премиер на Шпанија денеска, ден откако неговиот предлог за формирање левичарска коалиција доби парламентарна поддршка. Со давањето заклетва пред шпанскиот крал Фелипе шести, Санчес ја заврши месеци долгата политичка криза во четвртата најголема економија во еврозоната. Социјалистичката партија наведе дека членовите на неговиот кабинет ќе бидат објавени идната недела. Во владиниот кабинет ќе има претставници на партијата Обединети можеме на Пабло Иглезијас кој, според претходниот договор, ќе биде заменик премиер. Социјалистичката влада ќе има и задача да се обиде да ги смири сепаратистичките тензии во североисточна Каталонија и да го задржи економскиот раст и покрај глобалната економска клима.