Турските пратеници одобрија испраќање трупи во Либија
Турскиот парламент го одобри распоредувањето на трупи во Либија за да и помогне на владата во Триполи, поддржана од ООН.
Турските пратеници со 325 гласа за и 184 против на седницата за вонредни состојби овозможија едногодишен мандат за распоредување на трупите.
Има загриженост дека турските сили би можеле да го влошат конфликтот во Либија. Владата со седиште во Триполи на премиерот Фајез Сарај се бори за моќ против ривалската администрација предводена од генералот Калифа Хафтар. Силите лојални на воениот лидер - кого го поддржуваат Египет, Обединетите Арапски Емирати и други, вклучувајќи и сили за кои се верува дека се руски платеници - во април започнаа офанзива за заземање на главниот град.