Помпео: нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово добро за Балканот
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк, дека нормализацијата на односите со Косово ќе ја зголеми стабилноста на Србија, на Западен Балкан и на трансатлантската заедница. Помпео оцени дека со Вучиќ имал продуктивен ручек на кој разговорале за дијалогот меѓу Косово и Србија и пристапувањето на Србија во ЕУ. Тие разговараа на маргините на седницата на Советот на безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот исток.