Русија очекува Србија да и се приклучи на Евроазиската унија
Рускиот амбасадор во Белград Александар Харченко изјави дека очекува на 25 октомври Србија да потпише договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија која е предводена од Москва. „Ова е значаен настан“, напиша на твитер амбасадорот Харченко, наведувајќи дека со влегувањето во оваа унија на Србија ќе и биде дозволен слободен влез на пазар со над 180 милиони луѓе. Во Евроазиската економска унија се Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргизстан.