Ердоган: Морси не умрел од природна смрт
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не верува оти поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси умрел од природна смрт. „Морси отиде да му се придружи на господ во текот на судењето. Дали тоа било нормално заминување или се вмешани некои други фактори, е нешто за што треба да се размислува. Не верувам дека станува збор за нормална смрт“, рече Ердоган во една џамија во Истанбул. Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, кој беше соборен од власт со воен удар во 2013 година, почина пред два дена откако му се слошило во судница.