Убиен украински војник во судирите со проруските бунтовници
Украинските власти соопштија дека еден војник загинал, а шест биле повредени во судирите со проруските бунтовници во источниот дел на земјата.
Во меѓувреме двете страни во конфликт меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето врз основа на мировниот договор од Минск. Од почетокот на конфликтот во април 2014 досега загинале околу 13 илјади луѓе.