Претседавачот на ОБСЕ Лајчак во Скопје
Министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мирослав Лајчак денеска престојува во работна посета на државава. Тој ќе разговара со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ќе го Заводот за рехабилитација на деца и младинци и ќе присуствува на промоцијата на два проекта „Лулка на чистотата Кањон Матка“ и „Ботаничка градина“.